Известување за Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)

 Известување за Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)

Врз основа на член 65, став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) ичлен 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Северна Македонија 147/08, 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следното

 

                                                                                                 ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Согласно обврските дадени во Законот за животна средина (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 39/16, 99/18и 89/22), Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036) подготвен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина.Органнадлеженза донесувањена планскиотдокумент е Владата на Република Северна Македонија. Со донесување на оваа одлука, се отпочнува со спроведвање на процедура за стратегиска оцена на животната средина за споменатиот плански документ.

Формуларот и Одлуката за спроведување на стратегиска оцена на животната средина може да се погледнат на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), а истите се доставени и до надлежниот органза стратегиска оцена на животната средина, Министерство за животна средина и просторно планирање.

Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ се определуваат: Министерство за животна средина и просторно планирање, Град Скопје, општините во земјата, центрите за регионален развој на сите плански региони, регионални  меѓуопштински одбори за управување со отпад, организациони единици за регионално управување со отпад рамките на центарот за развој на секој плански регион, јавни комунални претпријатија во земјата, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјала, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за економија, Министерство за финансии, Министерство за транспорт и врски, Агенција за просторно планирање, Државен инспекторат за животна средина, локални инспекторати за животна средина, Државен завод за статистика, регионални и локални невладини и стручни организации, бизнис заедницаод областа на управување со отпад, стопанските комори, неформални собирачи на отпад.

Во тек е подготовка на нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036). Штом Извештајот биде достапен, ќе биде објавено дополнително известување заедно со информации каде може да се види извештајот заедно со планскиот документ, како и информации за јавен увид и презентација, како и доставување на коментари.

Контакт лице: Ана Каранфилова Мазневска email: A.Karanfilova@moepp.gov.mk